Залезот на неделното утро
Па, се разбудив на неделно утро
без ниеден начин на кој што би ја држел мојата глава, а да не боли.
A и пивото што го испив за доручек не беше лошо ,
па се напив уште едно за десерт
Тогаш разрошкав помеѓу моите алишта
и ја пронајдов мојата најчиста валкана блуза.
Потоа си го измив лицето и си ја исчешлав косата
растрчувајќи се по скалите да го пресретнам денот.
Си ја зачадив главата претходната вечер
со цигари и песни кои ги избирав.
Но, со првата цигара што ја запалив видов мало дете
Играјќи со лименка шутирајќи ја.
Тогаш ја преминав улицата
и ја уловив неделната миризба од нечие печено пиле.
Господе, ме потсети на нешто што сум го изгубил
Некаде, некако по патот.
На тротоар на неделно утро,
посакувам, Господе, да бев скаменет.
Бидејќи има нешто во Неделата
што прави телото да се чуствува осамено.
И нема ништо послично на смртта
Што е скоро осамено колку и звукот
на заспаниот градски тротоар
и залезот на неделното утро
Во паркот видов татко
нишкајќи го своето малечко насмеано девојче.
И застанав покрај Неделно школо
слушајќи ги песните што ги пееја
Потоа се упатив надолу по улицата,
а некаде далеку осамено ѕвоно ѕвонеше,
одѕивајќи се помеѓу кањонот
како соновите од вчера кои исчезнуваат.